Thinker POS низ очите на (Александар) full stack девелопер што го спојува кодот со праксата

Сакаме подобро да ве запознаеме со луѓето кои стојат зад развојот на Thinker POS, па затоа продолжуваме со серијата интервјуа со нашиот тим!

Александар Лазаров е нашиот Full Stack Developer кој носи уникатна вредност: тој го владее кодот, но истовремено го разбира и угостителството од прва рака. Неговата главна улога е да ја спои технологијата со практичните потреби на угостителите, осигурувајќи дека Ecash е едноставен, ефикасен и пријатен за користење.

Pic for blog

Здраво, јас сум Александар Лазаров и работам како Full Stack Developer во Thinker POS. Мојата работа е да го покривам целиот спектар на развој на нашиот ПОС софтвер, што значи дека сум одговорен и за (backend-от) каде се случува логиката и обработката на податоците, како и за  (frontend-от) – односно корисничкиот интерфејс.

 

Како Full Stack Developer, мојата главна мисија е да ја претворам комплексната функционалност на системот во интуитивен и брз интерфејс за нашите корисници. Истовремено, се грижам и за тоа логиката зад системот да биде сигурна, оптимизирана и скалабилна за да ги поддржи сите операции во реално време, без разлика дали станува збор за брзо менување на цени или обработка на голем број нарачки.

 

Посебно внимание посветувам на тоа како технологијата може да ги реши реалните предизвици на угостителите. Целта е Thinker POS да биде не само моќен, туку и лесен за користење во динамичната и често хаотична средина на еден ресторан или локал.

Кој е Александар и која е твојата улога во Thinker POS?

Повеќе од 5 години.

Колку години си дел од тимот на Thinker POS?

Пред да ја започнам мојата ИТ кариера, работев во угостителската индустрија неколку години. Затоа позицијата во Thinker POS, работејќи на POS софтвер кој има за цел да го подобри квалитетот на живот и ефикасноста на сите угостителски бизниси, беше совршено погодена за мене. Можев да го применам и моето угостителско и моето ИТ знаење за да обезбедам најдобро можно софтверско решение за нашите клиенти.

Зошто реши да ја прифатиш работната понуда од Thinker POS?

Еден од највозбудливите делови од мојата работа за мене е можноста да решам проблем што некој го има и да му обезбедам решение што му го олеснува животот. Според мене, секое ИТ решение е како голема сложувалка составена од многу мали делови што треба да се состават, а јас обожавам да решавам сложувалки =D

Кој дел од твојата работа ти е највозбудлив и зошто?

Дека нема два исти угостители. Секој локал има свој стил, свој систем на работа и свои мали „хаоси“, и токму затоа софтверот мора да биде флексибилен колку и луѓето што го користат.

Што е најинтересното нешто што си го научил за угостителската индустрија?

  •  Интуитивниот интерфејс кој овозможува брзо менување на менија и цени.
  • Мобилното нарачување што им ја олеснува работата на келнерите.
  • Аналитиките што им даваат на газдите јасна слика за тоа како им поминал денот (или ноќта).

Најпопуларните функции на Thinker POS што угостителите најмногу ги сакаат се:

Кои се најпопуларните функции на Thinker POS?

Од храна секогаш би одбрал еден Бабин Бургер во Кантина, а од пијалок Виргина коктелче во Lobby. Срдечно им ги препорачувам и двете на сите.

Кој е вашиот омилен специјалитет од некој од вашите клиенти?

Како едно од моите омилени јадења во градот, би ја издвоил телешката чорба во Лозница. Ретки се викендите кога нема да ја посетам Лозница на појадок.

Кој е вашиот омилен специјалитет од некои ресторани или кафулиња што не се ваши клиенти, но би сакале да бидат?

За мене еден од најиновативните локали мора да е Форца. Како човек што сака да пробува разноврсна храна, редовните евенти на Форца каде што носат храна и готвачи од целиот свет многу му се допаѓаат.

Кој е најинтересниот или најиновативниот угостителски бизнис што сте го поддржале со Thinker?

Колку побрзо, толку подобро. Лесниот пристап и преглед на сите збиднувања во вашиот угостителски бизнис, значително ќе ви помогнат да го подобрите истиот.

Кој е најдобриот совет што би го дале на новите угостители што сакаат да го дигитализираат својот бизнис?

Љупчо Црвенковски.

Кој е следен за мини-интервју?