Thinker POS низ очите на (Марко) девелопер што го спојува кодот со праксата
Сакаме подобро да ве запознаеме со луѓето кои стојат зад развојот на Thinker POS, па затоа продолжуваме со серијата интервјуа со нашиот тим!
Марко Лукешевиќ е нашиот Frontend Developer кој го претвора кодот во брз, интуитивен и ефикасен интерфејс на Ecash софтверот. Неговата главна улога е да ја спои технологијата со практичните потреби на угостителите, осигурувајќи дека Ecash е едноставен и пријатен за користење.
Она што е особено интересно е што Марко прво беше корисник на Ecash во угостителството, а сега е креатор! Ова уникатно искуство му помага да креира решенија кои навистина им го олеснуваат секојдневното работење на нашите клиенти.

Јас сум Frontend Developer во Thinker POS и работам на развојот на Ecash Software, систем за угостителство. Мојата главна улога е да ја претворам функционалноста и логиката на апликацијата во интуитивен и брз интерфејс кој им овозможува на корисниците едноставно и ефикасно да работат со системот.
Посебно внимание посветувам на корисничкото искуство преку детално тестирање и подобрување на интеракциите, за да осигураме дека Ecash е интуитивен и пријатен за користење во секојдневните операции на рестораните и кафулињата.
Мојата работа е да ја спојам технологијата со практичните потреби на корисниците, за софтверот да биде брз, сигурен и лесен за користење.
Кој е Марко и која е твојата улога во Thinker POS?
Повеќе од 2 години.
Колку години си дел од тимот на Thinker POS?
Пред да станам дел од Thinker POS работев во друга ИТ компанија, а паралелно работев и во Custom Pub каде што секојдневно го користевме Ecash. Тогаш првпат се запознав со софтверот и ми беше интересно како функционира. Ми се допадна идејата да бидам дел од тимот што го развива и да придонесам за подобрување на нешто што веќе го користев во пракса.
Како дозна за Thinker POS?
Бидејќи веќе го познавав Ecash од работата во Custom Pub, знаев колку може да им олесни на угостителите во секојдневното работење. Дополнително, ми беше голем мотив тоа што ќе имам можност да работам директно на производ што реално се користи, да видам како мојата работа има директно влијание врз корисниците и да придонесам со нови идеи за да го направиме софтверот уште подобар.
Зошто реши да ја прифатиш работната понуда од Thinker POS?
Највозбудлив дел од мојата работа е кога ја гледам функционалноста што сум ја имплементирал како нешто што корисниците го користат секојдневно. Ми е интересно да го земам барањето или идејата од тимот и да го претвориме во брз, интуитивен и естетски чист интерфејс. Особено ме мотивира кога можам да решам сложен проблем со код или да подобрам корисничко искуство, знаејќи дека тоа навистина им помага на угостителите да работат полесно и побрзо.
Кој дел од твојата работа ти е највозбудлив и зошто?
Најинтересно ми е колку се разликуваат процесите во различни локали и колку е важно софтверот да биде флексибилен и брз за да одговори на реалните потреби на персоналот. Исто така, научив колку секој мал детал во корисничкиот интерфејс може значително да го олесни или отежне работењето на бармените, келнерите и менаџерите, што ме мотивира да правам практични и интуитивни решенија.
Што е најинтересното нешто што си го научил за угостителската индустрија?
- Управување со маси и нарачки – брзо и прецизно сервирање.
- QR нарачки – гостите нарачаат директно од мобилен.
- KDS (кујнски приказ на нарачки) – точно и брзо пренесување на нарачките до кујната.
- Извештаи и аналитика – подобро следење на продажба и перформанси.
- Следење на залихи – следење на состојки и оптимизација на набавки.
- Фактури и сметки – автоматско и без грешки
Најпопуларните функции на Thinker POS што угостителите најмногу ги сакаат се:
Кои се најпопуларните функции на Thinker POS?
Мојот омилен специјалитет е омлетот во Кантина, но исто така многу ми се допаѓа и телешката чорба во Наџак. Секој пат уживам во нивниот вкус и едноставно ме радуваат.
Кој е вашиот омилен специјалитет од некој од вашите клиенти?
Од омилени специјалитети би ги издвоил пиците во Костарика и скарата во Барик. Уживав во вкусот и внимателната подготовка на јадењата, и би било супер тие места да го користат Ecash, за да го поедноставиме работењето и да им помогнеме да ја дигитализираат својата услуга.
Кој е вашиот омилен специјалитет од некои ресторани или кафулиња што не се ваши клиенти, но би сакале да бидат?
Тешко е да се избере еден пример, затоа што секој бизнис е различен и нуди уникатни предизвици. На пример, Кантина Бар со KDS системот и QR нарачки е одличен пример за дигитализација што го прави работењето побрзо и поефикасно. Исто така, Наџак како кафана покажува дека успешна дигитализација може да се постигне и во традиционален амбиент.