Thinker POS низ очите (Ивана) дизајнер и програмер

Решивме да започнеме серија интервјуа со нашиот тим во Thinker POS за да ги запознаеме подобро луѓето кои стојат зад развојот на нашиот производ. Првиот во низата е единствената жена во тимот, Ивана, која е Frontend Developer и Product Designer. Во продолжение, прочитајте го нејзиното искуство, инспирации и размислувања за работата во Thinker POS.

Блог cover

Јас сум Frontend Developer и Product Designer во Thinker POS. Првично почнав како Frontend Developer, но отсекогаш сум уживала во естетиката и убавите визуелни решенија. Тоа ме натера да се испробам и во дизајн. Почнав со UX/UI, учев и експериментирав, и на крајот го развив мојот пат до Product Designer, каде што можам целосно да ги обликувам корисничкото искуство и визуелниот идентитет на системите.

Работам на развој и дизајн на Ecash Software – софтвер за угостителство (Point of Sale систем), каде што ја спојувам креативноста со техничкото знаење за да обезбедам современо и едноставно корисничко искуство. Мојата улога е да бидам вклучена во целиот процес – од идеја и истражување, до визуелно решение и имплементација – со цел нашиот систем да биде функционален и естетски привлечен.

Која е Ивана и која е твојата улога во Thinker POS?

Повеќе од 3 години.

Колку години си дел од тимот на Thinker POS?

Ако добро се сеќавам, за Thinker POS дознав преку LinkedIn.

Како дозна за Thinker POS?

Затоа што нивната визија и тимската култура совршено се совпаѓаа со моите професионални интереси, а работата нудеше возбудливи предизвици и можност за развој. Пресудно беше тоа што веднаш кликнав со целиот тим уште од првиот момент.

Зошто реши да ја прифатиш работната понуда од Thinker POS?

Највозбудлив дел ми е процесот од идеја до готово решение, кога можам да учам, експериментирам и да создавам нови работи. Нема поголемо задоволство од тоа да седнеш во локал каде што се користи системот на кој јас и мојот тим сме работеле и да видиш дека сите вработени се презадоволни.

Кој дел од твојата работа ти е највозбудлив и зошто?

Сметам дека клучот е во рамнотежата. Убавиот дизајн нема вредност ако не е лесен за користење, а функционалното решение губи ако не е визуелно привлечно. Затоа секогаш се трудам да најдам средина: дизајнот да изгледа убаво, но и да биде разбирлив и едноставен за користење. Фактот што го разбирам и програмерскиот дел ми помага уште од старт да размислувам како идејата ќе функционира во реалноста, за на крај решението да биде и естетски и функционално.

Како ја балансираш креативноста на дизајнот со логиката на програмирањето?

Најинтересното нешто што го научив е колку деталите се важни. Дури и мала промена во системот може да направи голема разлика за персоналот и гостите. Сфатив колку е важно да се разберат реалните потреби за системот да им биде навистина од помош.

Што е најинтересното нешто што си го научила за угостителската индустрија?

Најпопуларните функции што угостителите најмногу ги ценат се пристапот до информации во реално време од било каде, безбедниот систем на кој можат да му веруваат и контролата на залихите што им го олеснува планирањето. Дополнително, многу им значи што Ecash е модерен и едноставен за користење.

Кои се најпопуларните функции на Thinker POS?

  • Кантина: потпечени макарони и авокадо тост со кајгана и сланина.
  • Healtyish: чикен песто врап и пилешко во вок тава.
  • Forza Fusion Bar: паеља форца, рижото со морски плодови.

Кој е вашиот омилен специјалитет од некој од вашите клиенти?

Уф, ги има повеќе, но ќе ја издвојам Ботаника. Омилени специјалитети се бри сирење потпечено во лиснато тесто со џем од боровинки, тарт со печурки и дефинитивно пене со домашен чили водка сос.

Кој е вашиот омилен специјалитет од некои ресторани или кафулиња што не се ваши клиенти, но би сакале да бидат?

Ме инспирираат Тијана Скулиќ (@tijanaskulicc) поради нејзината енергија и спонтаност, и Стефанија Несторовска (@snestorovskaa) заради нејзините квалитетни содржини и одличните рецепти.

Кои инфлуенсери од македонската угостителска сцена ве инспирираат и зошто?

Тешко е да се избере само еден, затоа што секој угостителски бизнис е уникатен на свој начин. На пример, Healtyish заради беспрекорната работа и контрола на три локации, Forza Fusion Bar со напреден систем за организација во кујната на пет екрани. Исто така, нарачките преку QR код, кои ги користи Кантина Бар, се пример за највисоко ниво на дигитализација и го прават работењето уште поефикасно. Секој од нив нуди предизвици кои нè инспирираат да ги усовршуваме нашите решенија.

Кој е најинтересниот или најиновативниот угостителски бизнис што сте го поддржале со Thinker?

Дефинитивно Seedily – начинот на кој го користат AI за да создадат уникатни, персонализирани визуели е фасцинантен. Ме инспирираат затоа што покажуваат дека технологијата и креативноста можат да создадат нешто навистина посебно и впечатливо. 

Кој бизнис или претприемач од LinkedIn ве инспирира?

Воведувањето контрола и довербата во информациите собрани од вашиот софтвер се од исклучителна важност за успехот и растот на вашиот бизнис. Алатките за дигитализација се достапни, а само од вас зависи дали сакате да го дигитализирате вашиот бизнис.

Кој е најдобриот совет што би го дале на новите угостители што сакаат да го дигитализираат својот бизнис?

Кој е твојот омилен подкаст?

Планирам да ја посетам Regional E-commerce Conference.

Дали има некој настан или конференција во Македонија што планираш да ја посетиш или што ти оставил голем впечаток?

Виктор нашиот CEO. 

Кој е следен за мини-интервју?