Thinker POS низ очите на (Васил) – од консултант до партнер на угостителите

Сакаме подобро да ве запознаеме со луѓето кои стојат зад развојот на Thinker POS, па затоа продолжуваме со серија интервјуа со нашиот тим!

Васил е човекот кој ја започнува секоја Thinker POS приказна. Како Sales Manager, тој внимателно ги слуша угостителите, ги разбира нивните предизвици и ги претвора во функционални решенија. За него, продажбата не е трансакција, туку процес на градење доверба и долгорочно партнерство со секој клиент.

Pic for blog

Зависен од динамика и муабет, секогаш барам позитивна средина – луѓето кои ме опкружуваат се мојата најдобрата терапија. Надвор од работа, уживам во долгите прошетки на Водно со моето куче.

Кој е Васил зад титулата sales? Како би се опишал во 2-3 реченици, надвор од работа?

Продуктот и тимот зад визијата. Решавање на проблем кој лично сум го искусил своевремено, а воедно и можноста реално да се подобри квалитетот и искуствотото во угостителството. 

Како започна твојата приказна со Thinker POS? Што те убеди дека ова е „вистинското место?

Ние не продаваме само „софтвер“ и не бегаме штом се потпише договорот. Ние градиме партнерство. Класичната продажба често е еднонасочна улица, додека нашиот пристап е консултантски – влегуваме во кујната, застануваме зад шанкот, ги слушаме вистинските маки на персоналот и сопствениците и нудиме решение што работи за нив, а не само за нашата статистика. Тука сме и кога е лесно, но и кога ќе „загусти“ во петок навечер.

Во што најмногу се разликува вашиот пристап кон клиентите од „класична продажба"?

За персоналот: Помалку стрес и грешки, поголема посветеност на подобрување на квалитетот на услугата, и нормално поголема заработка. Газдите, пак, купуваат слобода. Не мора да си дежурен во локал за да знаеш дека сметките се чисти и магацинот е на место. Тоа е она чувство кога целиот бизнис ти е во џеб, достапен 24/7.

Кога велите „Мakes it easy" - што точно значи тоа за еден сопственик и за еден келнер во реален ден?

Не гледам во ексели со бројки, туку во одоносот со луѓето. Ако сопственикот ми верува доволно за да ме праша како да го подобри менито, мојата мисија е исполнета. Кога еден угостител ќе му каже на друг: ‘Земи го Ecash, нема утка’, тоа за мене е крајната цел. Вистинскиот успех се гради со доверба, не со потпис.

Како ја мериш „успешна соработка" со клиент, ако не гледаме само договори и бројки?

 

Ме фасцинираат „хибридните“ концепти кои го менуваат ликот во текот на денот. Имаме клиенти кои наутро се cozy кафтерија или coworking простор, а навечер се трансформираат во хај-тек коктел бар со комплексни нарачки. Способноста на таков бизнис да биде флексибилен, а нашиот систем да ги прати во секој чекор е она што за мене е вистинска иновација.

Кој е најиновативниот угостителски бизнис со кој си соработувал досега?

Лични фаворити ми се Amigos (@amigos.zeleznicka) и Forza Fusion (@forzafusionbar), за било кој дел од денот.

Кој е твојот омилен ресторан или бар во Скопје (или Македонија)? Каде одиш за најдобар коктел или оброк и што препорачуваш?

Адреналинот дека нема два исти дена. Но, пред се, контактот со луѓето. Кога ќе видам како стресот кај менаџерот исчезнува штом ги средиме залихите, или кога келнерите работат полесно и побрзо – тоа чувство, дека навистина помагаш некому, е мојата најголема движечка сила.

Што те мотивира секој ден да бидеш на терен и да се среќаваш со нови луѓе?